Недостиг на автобуси на линиите 9 и 19, скопјани се жалат на долги чекања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Долги чекања на автобуските постројки, поради недостигот на автобуси на линиите 9 и 19, кои се сообраќаат до Топанско поле и Шуто Оризари .

Граѓаните велат дека се револтирани бидејќи се принудени да плаќаат такси за да стигнат на работа до во болница.

„Возачите си прават муабет, а тука има само еден автобус број 9, друг нема! И кого го исмеваат овие возачи? Нас. Македонците и Ромите сме малцинство тука, се потсмеваат со сопствениот народ. Ниту можат да одат во болница, ниту на работа, никаде. Ни бизнис не можат да направат. Еве детето тука, 250 денари му земал таксистот. 500 денари“.

„Чекаме долго време, повеќе од 20 минути“.

„За 19 се жалат, а за 9 не знам точно, веројатно и неа ја нема! Немаат доволно автобуси“.

„Ретко има автобуси, се чека по еден до два часа“.

За овој проблем побаравме одговор од Јавното сообраќајно претпријатие, но до ова издание на вестите не добивме одговор.