Недостиг на паркинг места во Охрид – Пецаков се надева на позитивен одговор за катна гаража

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Недостигот на паркинг во Охрид претставува голем проблем особено во летната сезона! Уште поизразено е за време на викендите кога крајезерскиот град е преполн.

Тешко е да се паркирате во близина на центарот или во близина на езерото бидејќи секаде е полно со автомобили. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, препорачува периодов оние кои имаат хотели во близина да пешачат или да се возат со такси.

Пецаков смета дека катната гаражата  би било адекватно решение за градот и би го решил овој проблем кој е по истакнат во лето со недостигот на паркинг места. Би имал капацитет од над 200 автомобили, но ваков проект досега 6 пати бил одбиен, но Пецаков се надева дека овој пат ќе добијат позитивен одговор.

Потсетуваме, на 1 април, пред почетокот на летната сезона, цените на паркингот во Охрид од 60 денари се зголемија на 100 денари за 1 час.