Недоволно инкубатори на детската клиника во Скопје, Црвен Крст повикува на донации

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ


Генералниот секретар на Црвен крст, Саит Саити започна кампања, чија цел е да ѝ помогне на Клиниката за детски болести во Скопје. Саити вели дека досега не биле разочарани од великодушноста на граѓаните.

Директорката на Детската клиника, пак Наташа Најденовска, рече дека на клиниката има 3 предвремено родени бебиња, и дека најмалото од нив тежи само 1 килограм и 500 грама.

“Нема ништо поголемо, поубаво, и полесно, од грижата кон децата, децата заслужуваат најголема здравствена заштита, и нај обра здравствена грижа. Инвестицијата во здравјето на децата, е инвестиција во здрава иднина и во здраво општество. Ви благодарам за ова кампања, сигурна сум дека со оваа кампања ќе успееме да ги подобриме можностите и да пружиме шанса овие мали бебиња да израснат во големи луѓе во ова земја”, вели Најденовска.

На годишно ниво на скопската Детска клиника на свет доаѓаат од 50 до 60 предвремено родени бебиња. Граѓаните кои сакаат да донираат, тоа можат да го сторат со повик на 070/075 ose 077 – 143 400 или пак на жиро-сметката на Фондот за солидарност – 300000001327966.