Укинат е притворот на Нефи Усеини и неговиот брат Ибро. Браќата Усеини понудиле гаранција од 850 илјади евра која охридскиот суд ја прифатил. Ним им беше одреден 30-дневен притвор поради физичкиот напад на охриѓанецот Спиро Топаловски.
Претходно за излегување од притвор, тие понудиле 30 илјади евра кои беа прифатени од охридскиот суд, но беа одбиени од битолската апелација.
Судското рочиште против браќата Нефи и Ибро е закажано е за 22 септември во 10 часот , а предметот ќе го води судијата Милчо Клишевски.
Полицијата претходно поднесе кривична пријава против Усеини и за насилство и недозволено држење оружје.