Негативен извештај за Судскиот совет – Собранието ќе одлучи за разрешувањето на пет члена на Советот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Собранието изгласа негативен извештај за Судскиот совет. Тоа значи дека членовите на Советот може да бидат разрешени, а за ова Собранието ќе се состане на расправа.

Зборувајќи за ова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, рече дека негативниот извештај значи дека Собранието ги повлекува овие членови и дека може да се започнат процедури за разрешување и именување на нови членови.

Запрашан кога може да се очекува разрешувањето, Гаши рече дека тоа зависи од Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Станува збор за разрешување на 5 членови: Селим Адеми, Павлина Црвенковска, Весна Дамева, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова-Илиевска.