Од 2018 година, Агим Нухиу, кога беше заменик министер за внатрешни работи, вети дека ќе им помогне на сите кои имаат проблеми со државјанството.
„Јас сакам да го искористам вашиот екран за да упатам повик до сите граѓани чии семејства имаат потреба за додатна институционална поддршка за подготвока на документација слободно да тропаат и на вратата на мојот кабинет.“, изјави Нухиу.
По оваа изјава многу граѓани се обратија до Нухиу, но ретко кој заврши работа.
„Веднаш со писмото отидов повторно кај заменик министерот. Му реков дека ми ветил дека ќе се реши оваа проблематика. Нему му се обратив, бидејќи тој ја прокламираше оваа идеја и мислев дека е најдено решение, затоа нему му се обратив.“, вели Фитим Нухиу.
До ден денеска голем број граѓани се без државјанство.
ТВ21 контактираше и со новиот заменик министер Назим Буши за да го праша каков ќе биде пристапот за решавање на оваа проблематика. Тој рече дека денеска немал време да одговори, затоа го прашавме министерот Оливер Спасовски. Тој рече дека работи на откривање на пропусти и слабости на постоечкото законско решение и што може да се подобри за да може да го остварат правото на државјанство.
Во меѓувреме во Собрание се предложени законски измени со кои би се решиле овие случаи. За тоа МВР се очекува во понеделник да излезе со став.
Според албанската опозиција над 60 илјади граѓани се без државјанство поради актуелниот закон кој содржи многу услови и апсурдни барања. Според опозицијата, важно е да се направата измените пред пописот на населението со цел овие лица да бидат дел од пописот. Многу граѓани во земјава не добиваат право на државјанство поради квалификацијата “опасност за државата“. Опозицијата бара и оваа пречка да се укине.
