Некогаш командант на УЧК и пратеник, денес чува овци – Даут Реџепи – Лека, горд на минатото, а сега живее тешко

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Можеби одамна сте слушнале за него. Некогаш бил командант на УЧК и пратеник во собранието на Македонија. Ова е Даут Реџепи. Во Полог, но и во Албанија сите го знаат како командант Лека уште од конфликтот во 2001. Тој од 1988 бил вклучен во Илегалното движење. Во тој период па се до почетокот на војната во Косово, Лека бил вклучен во организирање на војната, снабдувајќи ги со муниција неговите соборци на Косово. Лека бил и меѓу 30 лица кои беа во одбрана на првите предавања на ТУ во село Порој. Исто така бил и меѓу 4 први команданти на УЧК на Тетовското кале во 2001. По конфликтот два мандати бил пратеник во Собранието. Во тоа време тој заедно со екс патеникот Абедин Зимбери го составиле законот за ветераните на УЧК кој не наишол на поддршка. Сега Лека е оставен во заборав. Без работа е и за да го прехрани семејството се занимава со сточарство. Горд на минатото, но со големи тешкотии ја живее сегашноста.

По потпишувањето на Рамковниот договор, Лека не беше земен под закрила на Али Ахмети како повеќето други команданти.

Лека во 2002 беше дел од ДПА. Но вели дека таму бил искористен политички и по вториот мандат ја напуштил оваа партија.

Лека вели дека денешните пратеници не прават ништо освен што примаат плата.

Лека вели дека има многу соборци кои се на мака, но порачува тие да бидат горди а на политичарите им порача да внимаваат во своите постапки бидејќи, како што вели, по неколку години ќе излезат досиејата. Лека на крајот додаде дека богатството никогаш не го ставал пред гордоста и достоинството.