Некои делови од Скопско и околината ќе имаат прекини во снабдувањето со електрична енергија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес, во различно време од денот, некои подрачја во општините Студеничани, Карпош и Центар ќе останат без електрична енергија.

Според соопштението на ЕВН Македонија, од 08:00 до 16:00 часот, дел од селото Моране и викенд населба во Моране, во општина Студеничани, ќе бидат без електрична енергија.

Од 08:30 до 17:30 часот, без електрична енергија ќе останат објектите во фабричкиот округ Карпош во населбата Александрија и објектот Центрунион во општина Карпош.