Првиот човек на ДПА, Мендух Тачи во синоќешната дебата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека еден од проблемите на Северна Македонија на патот кон пристапувањето во ЕУ е носталгијата на дел од граѓаните кон Русија и поранешна Југославија.
-Носталгијата на повеќето Словени за мајката Русија, е погрешна носталгија, вистинската носталгија за победата на Советскиот Сојуз во однос на нацизмот. Друга носталгија е кон екс-Југославија, која се сметаше за „дом на Словените“. Сите овие носталгии ни предизвикуваат проблеми. Сега, за да се види вистинската носталгија, за жал, се случи војната во Украина. Многу такви носталгични, наивни луѓе, чекаат Русија да победи воено, а тоа уште повеќе ја поттикнува надежта на антиевропејците. Русија нема да ја добие војната. Војната ќе потрае, но Русија нема да ја изгуби војната воено, туку ќе падне на колена од војната-изјави Тачи.
ТВ21: Но, што ни значи нам ова?
-Ни значи бидејќи нашите сограѓани што живеат овде, голем дел од нив се носталгични за Русија и Советскиот Сојуз, прво поради нивното словенско потекло и второ поради комунизмот и марксизмот. Носталгијата има и кон Југославија, а тоа придонесува носталгијата да биде актуелна кога ги гледаме ставовите на Србија во однос на дијалогот со Косово. Сето ова одзема време. Кога сакате да ги решите прашањата преку дијалог со договор одзема време, но не одзема време кога ги решавате со војна-рече Тачи.
Тачи меѓу другото истакна дека граѓаните на Македонија, како и македонската опозиција треба да ги земат за пример земјите како Данска, Шведска и Холандија со цел да можеме да бидеме што поблиску до целосно пристапување во ЕУ.
