Неколку гледачи беа повредени по следување на падобран на теренот во Минхен пред синоќешниот натпревар од ЕУРО 2020 помеѓу Франција и Германија.
Падобранот го управувал активист на меѓународното еколошко здружение „Гринпис“, и прелета по најдолниот дел од трибината, по што слета на тревникот. Но тој имал неуспешно слетување затоа што налетал на монтиран фотоапарат „пајак“, по што неколку гледачи морале да побараат лекарска помош.
Падобранот носеше транспарент: „Откажете се од нафтата. Зелен мир“. Активистот веднаш бил уапсен и однесен на распит во полиција.
Дуелот заврши со победа на Франција со 1:0.
