Планината меѓу селото Зајас-Челикај и селото Големо Дрогомиште гори веќе пет дена по ред. За гаснење на пожарот покрај пожарникарите на Кичево се активираа и самите жители. Со она што го имаа во раце се обидоа да ги сопрат пламените јазици кои зафатија голем бран кон Дрогомиште и се приближија до училиштето и селските гробишта.
Ова е Шпетим, кој со скршена гранка се обидуваше да го изгасне пожарот.
Над 80 граѓани доброволци со денови излегуваат да го гасат пожарот, вели еден граѓанин.
-Пожарот е активен од вчера во ноќните часови и армијата интервенираше до 12 часот и по 12 повторно почна пожарот, случајно поминав да видам што се случува и видов дека пожарот повторно зема замав, вели граѓанин.
Активен пожар и во кичевското село Патец, каде татко и син се борат со пожарот од 10 август и некои жители од градот кои тргнале да побараат помош.
Голем пожар имаше и во селото Калишта во Кичево кој пред два дена пеплоса една куќа.
Во селото Пласница пожарот и натаму е активен од пред една и пол недела, но е ставен под контрола.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека вчера на отворен простор имало вкупно 49 пожари, од кои 12 се моментално активни, седум се под контрола, а 30 се изгаснати.
Битката со пожарот во Националниот парк Галичица трае веќе 10 дена, каде околу 140 екипи од воздух и од земја се на терен и се обидуваат да го стават под контрола.
