На вториот училишен ден, во две основни училишта, се регистрирани првите случаи со ученици заразени со Ковид 19. Заразените и децата кои имале близок контакт со нив се во домашна изолација, а учителката ним ќе им држи онлајн настава. Според податоците на МОН, 0.01% е процентот на активни позитивни случаи на ученици и наставници, а министерката Мила Царовска истакнува дека во училиштата се уште нема интерно ширење на вирусот.
Како извор на ширењето на Ковид 19 се смета и јавниот транспорт. Враќањето на учениците во средните училишта се причина за преполните автобуси а значителен број ученици не носат ниту заштитна маска, а градоначалникот Петре Шилегов вели дека автобусите никогаш не биле извор на зараза бидејќи се безбедни и дезинфицирани.
Наставата со физичко присуство оваа учебна година ја следат 257 илјади ученици, а министерката Царовска апелира на максимално почитување на анти ковид протоколите со цел наставата да продолжи со физичко присуство, но додаде дека доколку има зголемување на случаите со Ковид 19, подготвени се во секој момент да го сменат моделот на настава.
