Нелегален пешачки премин кај Бит Пазар! – Меџити: Решението е уривање на мостот и поставување семафори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овој нелегален пешачки премин кај Бит Пазар продолжува да функционира. Иако нема пешачки премин, граѓаните преминуваат од една на друга страна.

Мостот што стои над улицата останува неупотребен и е целосно затворен. Поради недостиг на семафор, тука постојано има густ сообраќај.

„Се наоѓаме во близина на мостот кај Бит Пазар. Иако на улицата нема пешачки премин и семафори, граѓаните сепак продолжуваат да преминуваат, ризикувајќи го својот живот.“, вели репортерката на ТВ21

Граѓаните велат дека таму треба да се постават семафори и да има пешачки премин.

„Треба да има пешачки премин, но и семафори. Тука е голема мешаница, некои воопшто не ги почитуваат семафорите, забрзуваат и газат. Но подобро е кога има полиција… кога се полицајци, не се осмелуваат да поминат ниту граѓаните ниту возилата.“

„Во Женева ме казнија со тротинет 60 франци затоа што не возев по патеката за велосипеди, и јас им реков ‘фала’, зошто? Затоа што треба да се почитува законот. Треба да има семафор и пешачки премин, но ние сме народ што гледа дека има мост – треба преку мост да се помине за да не си го ризикуваш животот. Но не се користи! Државата треба да постави семафор за да може старец да премине.“

„Ако веќе е отворена патека, треба да има или семафор или пешачки премин. Тука нема ниту обележан пешачки премин, а многу граѓани поминуваат и се случуваат многу лоши работи“.

„И малку невнимание доведува до катастрофа. Секој ден се случува тоа. Ќе кажам – барем ‘зебра’. И ако се случи нешто, нема законска основа некој да се брани или да се обвинува, без разлика кој е.“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, решението го гледа во семафори, а вели и дека мостот ќе се урне.

„Решението кое е конечнo е уривање на мостот. За среќа, Општина Чаир нема дадено ниту еден денар за изградбата на мостот, затоа што беше направен со размена или со рекламниот простор“, вели Изет Меџити.

– Ќе се урне ли мостот?

„Заврши договорот со претпријатието, Чаир нема никаков обврски. Мислам дека најдобро решение е уривање на мостот и преминот да биде официјален со семафори.“

Побаравме одговор и од Град Скопје за тоа кога ќе се преземат мерки за овој проблем на булеварот „Крсте Петков Мисирков“.