„Нема да и дозволиме да влезе во Град Скопје“ – Ристески: Да не се реваншираат со луѓе што работат со фекалии

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Работат шест месеци со фекалии и сега преку ноќ им се прекинуваат договорите. Конфедерацијата на слободни синдикати застанува зад работниците во Јавното претрпијатие Водовод и канализација. Бараат средба со Арсовска, во спротивно ќе го блокираат влезот на Град Скопје и нема да и дозволат да влезе.

„Мора да престане оваа пракса политичарите, сите, своето незадоволство, својот револт, својот гнев, да го вперуваат врз вработените. Замислете каква е состојбата сега, еве дел од нив се позади. Каква е атмосферата во нивните семејства. Работат 6 месеци, дел од нив земале кредит, не дај Боже од оние брзите тоа е тотален грабеж и замислете кога родителот ќе се врати дома и ќе им каже на децата, јас повеќе не работам. И зошто не работиш? Па станала сабајле градоначалничката нервозна и нема врз кој да го истури гневот и ќе го истури врз работниците“, вели Марјан Ристевски.

Да не дозволи преку 100 семејства да останат на улица. Да запрат отказите и незаконските прераспоредувања во ЈП Водовод и Канализацација Скопје –порачуваат и од СУТКОЗ при ССМ. Бараат градоначалничката да ја преиспита одлуката на в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје за прекин на договорите на преку 100 вработени во услови на светска еконосмка и енергетска криза.

„СИТКОЗ при ССМ остро се спротивствавува на прераспоредуањето на рабтниците во ЈП Водовод и канализација Скопје со задолженија и наредби ѓшто е едностран акт на директорот и е недозволиво знаејќи дека на нивно место се назначуваат други работници со задолженија и наредби. Овие решенија не нудат никаква правна сигирност на работниците и прават сомнеж дека директорот прави реваншизам на вработените од само него познати причини“, порача ССМ.

Арсовска вчера рече нема да дозволи лица кои седат дома да земаат плата.

„Имавме индиции дека има луѓе кои не се појавуваат на работа, а земаат плата. Тоа единствено го испочитува директорката на Комунална хигиена. Останатите директори на јавните претпријатија побаравме податоци и дури тогаш дознаваме дека тие си вработувале партиски војници и тоа над 100 луѓе“, порача Данела Арсовска.

Долги години заради неспобни функционери се казнуваат работниците. Доколку некој не доаѓа на работа има правна постапка, а не неосновано да се прекинува договорот- вели Ристески.  На ова од синдикатите не им е јасно како изминативе месеци не било утврдено дали работат или не, туку кога се посомнева во работата на екс директорот Пирински. Од март месец немале синдикатите социјално-економски совет .