Борусија Дортмунд против Реал Мадрид е финалето во Лигата на шампионите, откако најтрофејниот клуб во најелитното европско натпреварување се избори за ново финале, елиминирајќи го Баерн Минхен.
Иако губеа, односно Баерн водеше со голот на Дејвис, во финишот од средбата со двата гола на Хозелу, „кралевите“ стигнаа до голема победа и до финале во Лигата на шампионите.
Финалето е закажано за 1. јуни на легендарниот „Вембли“ во Лондон.
