Нема изотопи, 100 пациенти чекаат 2 месеци термин – се зголемува бројот на пациенти со канцер, услугата се намалува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на пациенти со канцер расте секоја година, но не и квалитетот на здравствените услуги. Ако во 2021 имаше 15.892 пациенти, во текот на 2023, лекување на клиниката за онкологија побарале 17.196 лица, или околу 1.300 повеќе. Од здружението за пациенти со канцер, Хема Онко алармираат за проблемите со кои се соочуваат. Иако со приоритетни упати, пациентите чекаат и по два месеца за снимање на клиниката за онкологија поради немање изотопи. Поради тоа им се прекинува терапијата, со што им се прекинува и лекувањето, велат од Хема Онко.

Но, што подразбира ова за пациентите кои чекаат за контролни прегледи.

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека не е запознаен за недостигот на изотопи, но вети дека ќе го реши овој проблем со надлежните институции.

„Секако треба да интервенираме и да видиме што може да направиме. Добро што ја добив оваа информација и ќе видиме следниве денови како можеме како министерство да помогнеме“, вели Арбен Таравари.

Во меѓувреме, во Обвинителството е завршен новиот ревизорски извештај за Клиниката за онкологија. Ревизијата покажува дека клучниот проблем е недостигот на кадар, клиника која е единствена за лекување на болни од канцер во земјава. Биолошката терапија не е достапна за сите пациенти, туку само за 24% од нив.

„Вкупно 35 лекари и 96 лица медицински персонал се грижат за речиси сите болни од рак во земјава. Министерството за здравство не успеа да ги пушти во употреба другите радиолошки центри во земјава, а Клиниката во Скопје останува единствена. Од друга страна, статистиката покажува дека бројот на пациенти на клиниката постојано се зголемува, па еден онколог има 5.000 прегледи годишно. Во текот на 2023 година извршени се 104 илјади здравствени услуги“, велат од ДЗР.

Министерот за здравство беше прашан за извештајот, но рече дека се уште не го видел.

Директорот на Клиниката за онкологија Игор Стојковски рече дека се уште го нема извештајот, но вети околу 50 нови вработувања на медицински кадар.