Нема компанија за психолошко тестирање на судии – Грковска: Необјасниво е како стигна состојбата до тука

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска во Клик Плус не одговори конкретно дали некој во Судскиот совет треба да понесе одговорност и да биде санкциониран за недостигот од акредитирана компанија која ќе може да врши тестирање на моралните вредности и психичката благосостојба на кандидатите за судии.

Грковска рече дека е необјасниво и несфатливо зошто проблемот стигнал до тука кога судовите имаат голема потреба од судии.

Во очекување на решение за оваа проблематика за добивање функција судија во моментов се 8 судии во Апелација во Скопје, 30 судии штотуку дипломирани од Академијата за судии и јавни обвинителки и двајца раководители на судови, значи вкупно 40 места.