Нема кривични пријави, смртта на трите деца во пожарот во Хрватска е несреќен случај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар предизвикан од отпад во пластична канта во близина на дрвени скали се прошири на покривот и внатрешноста на семејна куќа во ромската населба Куршанец кај Чаковец, при што загинаа три мали деца, извести вчера полицијата.

Според неофицијални информации, пожарот можел да го предизвикал врела пепел или запалена цигара. Од полицијата за ХРТ потврдија дека нема елементи на кривично дело бидејќи се работи за несреќен случај и нема да биде поднесена кривична пријава.

Истовремено, истрагата утврдила дека центарот на пожарот бил во близина на дрвените скали кои водат кон поткровјето од куќата, по што пожарот се проширил на покривот и внатрешноста на куќата.

Мештаните и денеска доаѓаат во куќата каде што избувна пожарот, палат свеќи и лампиони и изразуваат сочувство до семејството.

Во таа страшна трагедија животот го загубија три мали деца – деветгодишниот Габриел, шестгодишната Ена и двегодишната Лана.