Нема минусни температури низ Македонија – најмногу дожд во Гевгелија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е во Берово и Маврови Анови каде температурата е измерена 1 степен.

2 степени има во Крива Паланка, Претор, Kрушево, 4 степени во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Тетово, Охрид, Виница, 5 во Прилеп, Битола, Штип, 6 во Скопје-Петровец, Велес, Струмица, Кавадарци, 7 во Демир Капија, 8 во Гевгелија.

Најмногу дожд имало во Гевгелија каде измерени се 36 l/m2, а следуваат и 34 l/m2 Струмица, 25 l/m2 во Пожар-Радовиш, 16 Штип, Демир Капија, Виница, 15 Берово, 12 Крива Паланка, 11 Кавадарци, 9 Крушево, 8 Велес, Куманово, 7 Скопје-Петровец, 6 Прилеп, 5 Тополчани, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Претор, Битола, Пожаране, 3 Mаврови Анови, 1 Охрид.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои од повисоките места во североисточните делови врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје, облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.