Нема опасност од Охис, велат од инспекторатот за животна средина за ТВ21 – еден пожарникар заврши на Токсикологија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Инспекторатот за животна средина за ТВ21 информираат дека се работи за опожарена сува трева, а зафатена била и административната зграда во фабриката Охис.

Од таму велат дека нема никакви хемикалии и не постои опасност за здравјето и животната средина.

Еден пожарникар бил пренесен на Клиниката за токсикологија поради вдишување на чад при гасење на пожарот.

На терен е пожарната, полицијата и брзата помош, а во моментов се локализира пожарот.