Зоран Заев смета дека нема потреба од лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, затоа што тоа ќе придонесе за караница со Бугарија, а тоа, според Заев, во моментов не е потребно.
„Неразумноста, да се покажува националистички мускули, тоа не става во ризична состојба да разговарам со такви личности“, рече Заев.
Премиерот истакна дека средба со Мицкоски во моментов ќе донесат само лошо.
„Не ми треба Мицкоски да се скарам со Бугарија, можам да се скарам сам. Ако го повикам, ќе се скарам“, изјави Заев.
