Ерхан Шукри, познат виолинист, професор и диригент, успешно ја реализираше доницијата за деца болни од дијабетес која ја вети по минатогодишниот јубилеен хуманитарен концерт одржан во Националната опера и балет (НОБ). На 20 јуни, во градскиот парк во Скопје, Шукри ги предаде ветените средства во вид на медицински помагала за децата, особено за оние од економски ранливи категории.
Настанот од минатата година, насловен како „Првите мои 20 во 30“, не само што одбележа 30 години на неговата уметничка и педагошка кариера, туку и 20 години од основањето на Гудачкиот камерен оркестар „Арко“. Продажбата на билети од овој настан била наменета за купување на лентички и глукомери за децата. Поради обезбедени дополнителни медицински помагала од други извори, Шукри одлучил да донира транспортери, по препорака на претседателот на Здружението на дијабетичари.
„Нема поубаво кога ќе ја видите насмевката на лицето и радоста на тие деца бидејќи се желни за внимание,“ изјави Шукри, истакнувајќи дека неговата намера е да ја подигне јавната и општествената свест за потребите на децата со дијабетес и да им овозможи да се чувствуваат подобро и сакани.
