НЕМА ПОВЕЌЕ ТИКТОК: Владата на Албанија донесе одлука!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на Албанија донесе одлука за блокирање на кинеската платформа ТикТок, соопшти денеска албанската министерка за образование Огерта Манастирлиу.

На финалната средба со родителите и учениците, министерот рече дека повеќе од 80 отсто од родителите бараат ограничување на социјалните мрежи, објави денеска Сити Њуз оф Албанија.

„Во време кога технолошките предизвици се неизбежни, физичката и дигиталната безбедност се приоритет. За да ја зголемиме оваа безбедност, решивме да ја блокираме платформата ТикТок. Ќе инсталираме и паметни камери преку проектот „Паметен град“, кој ќе да се обезбеди поефикасен надзор во училиштата и нивната околина“, рече Манастирлиу.

ТикТок е платформа за кратки видеа, во сопственост на кинеската интернет компанија БајтДенс.