Премиерот Димитар Ковачевски пред 17 дена се сретна со првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари на која се разговарало за можно проширување на владината коалиција. Оттогаш од партиите велат дека немале средби и дека не разговарале за поделба на ресурсите.
Последен пат од Алијансата за Албанците за ТВ21 изјавија дека чекаат понуда која прво ќе ја разгледаат, а потоа ќе одлучат за следните чекори. Истите од опозицијата негираат дека имале дополнителни разговори со претставници од власта.
„Немаше средба или покана за евентуална средба. Како што рече претседателот на партијата, г. Арбен Таравари, сите активности на АА ќе бидат транспарентни и за секоја активност однапред ќе бидат известени јавноста и медиумите“, велат од Алијанса за Албанците.
Инаку, Таравари пред неколку дена го нарече шпекулација прашањето за почеток на преговори за влез во владата, заедно со министерствата за кои се шпекулира дека ќе ги преземе неговата партија доколку дојде на власт. Исто така и Алтернатива како дел од владината коалиција континуирано ги демантира информациите дека се преговара за вклучување на опозициската Алијанса за Албанците во мнозинството.
