Нема жалби за изборниот процес – нов ректор на „Мајка Тереза“ е Беким Фетаји

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Универзитетот „Мајка Тереза“ ја објави прелиминарната одлука и врз основа на првичните резултати од тајното гласање, за ректор е избран проф. Др. Беким Фетаји.

„Според изборните списоци на факултетот, запишани се вкупно 76 избирачи, на денот на гласањето гласале 74 избирачи, 73 валидни и 1 неважечки, а 2 избирачи не го искористиле избирачкото право“, велат од таму.

Претседателот на Изборната комисија Зоран Гацовски за ТВ21 потврди дека изборниот процес се одвивал непречено, додавајќи дека до денес не се поднесени приговори и дека рокот за поднесување е до понеделник.

Трката меѓу двајцата кандидати, Фетаји и Саити беше многу тесна. По пребројувањето на гласовите, Фетаји е прогласен за победник со 38 гласа или 3 гласа повеќе од противничкиот кандидат. Мандатот на избраниот ректор трае три години.