Немаат дозвола, но продолжуваат да градат: Се гради објект во близина на домот за стари лица во Чаир

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Работниците ги затекнавме кај објектот во близина на домот за стари лица во Чаир за кој се уште нема дозвола, но кога видоа дека снимаме, си заминаа…

Инвеститорот не прифати да зборува пред камера. Управникот на Домот за стари лица, Неваип Рамадани има барање до инвеститорот да им ја санира цевката од водоводот бидејќи претходно ја оштетиле при градежните работи.

-Не ни пречи ништо, немаме пречки, тоа е нивно место. Ние имаме пречка со водата тука, цевката остана надвор и треба да го средат тоа. Надвор остана водоводната цевка, изјави директорот на домот за стари лица, Неваип Рамадани.

Од друга страна од општина Чаир велат дека дозвола за градба се уште не е издадена туку дека дозвола само за поставување на потпорен ѕид.

Побаравме одговор од Министерството за транспорт за тоа каде е заглавена постапката за добивање дозвола за инвеститорот, но до ова издание на вестите не добивме одговор.