Немало шверц на гориво, ниту петарди – автобусот на „Беса Транс“ бил целосно ремонтиран во Турција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Познати се евентуалните причини и првичниот извор на пожарот во автобусот со македонски туристи, кој се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова во емисијата „Лице в лице“ на националната БТВ го соопштија обвинителот Бисер Михајлов и истражителот Мариан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата. Обвинителот Михајлов тврди дека немало туби со бензин за шверц и пиротехнички средства. Нема докази за канти со бензин, а теориите за „материјали за дрога“ се „смешни што не заслужуваат коментар“, рече обвинителот.

„Категорично тврдам дека во автобусот немало гориво и пиротехнички средства“, истакна Бисер Михајлов.

Но, вели дека туби со гориво имало во задниот дел на автобусот кој не бил зафатен од пожарот и тие не биле причина за истиот. Истражителот Маринов истакна дека имало цевки за нафта за напојување на системот за греење на автобусот, но тие останале незафатени од пожарот.

„Големо парче од заштитната ограда навлегло во автобусот во пределот на предната гума до предната врата, а резервоарот кој бил пластичен е целосно уништен. Во резервоарот имало гориво, а горивото гори“, посочи Мариан Маринов.

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и доживеал „ремонт“ во Турција . Целата опрема му е заменета и дека допрва треба да се разјасни дали новиот е „нефабрички“. Моторот на автобусот исто така работи и сега може да се запали и да работи непречено. Според Маринов, не може да се обвинува за лошата состојба на заштитната ограда, која според експертите не била поставена според стандардите: „И да се среди со 100 штрафови, автобусот ќе ја однесеше, автобусот е 18 тони“-објаснува тој.

Нафтата многу тешко се пали, но, возможно е да имало многу искри. Автобусот удира во десната, па во левата и пак во десната банкина – вели шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, во изјава за Утрински брифинг на Слободен печат.

„Во основното јавно обвинителство во Скопје се води преистражна постапка, не се испитуваат причините за несреќата туку друготе аспекти што јавноста многу со право и јас исто рагиравме. Ккао е возможно 135 пати тој автобус само во оваа година да излезе надвор од границите без лиценца за меѓународен патнички превоз“, истакна Вилма Рускоска.

Обвинителкаат Рускоска вели дека ќе почека кои резултати ќе ги даде предистрагата на основното јавно обвинителство, па ако има потреба ќе го превземе предметот.