Ненадејно почина актерката позната како Марија од култниот серијал „Жикина Династија“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Српската актерка Риалда Кадриќ, позната по улогата на Марија од култниот серијал „Жикина Династија“, почина ненадејно синоќа во 57-мата година од животот во Атина, јавуваат српските медиуми.

Кадриќ е позната по улогата на филмскиот серијал „Жикина Династија“, еден од познатите серијали во поранешна Југославија. Немаше кој нема гледано барем еден од серијалите на овој филм.

Кадриќ требаше да глуми и во продолжението на „Жикина Династија“ кое требаше наскоро да почне да се снима, но сега по смртта на Кадриќ е неизвесно.

Покрај познатиот серијал, Кадриќ глумеше и во „Чао Инспекторе“. Во последните години живееше во Атина, каде што и почина.