Необична интервенција во стан во Струмица: Пожарникари спасувале девојче кое спиело

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Необична интервенција имале пожарникарите од ТППЕ Струмица на улицата „4 Јули“, откако родители пријавиле дека нивната малолетна ќерка со часови не одговарала на телефонските повици и не ја отворала вратата.

Бидејќи станот се наоѓал на четврти кат, пожарникарите со авто-скала пристапиле до терасата, по што влегле во станот.

Наместо опасност, ги дочекала неочекувана глетка – девојчето било безбедно и спиело длабоко, поради што не ги слушнало ниту повиците, ниту ѕвонењето на вратата.

Интервенцијата завршила со олеснување за родителите и без последици за девојчето.