Лига нации: Македонија почнува со Швајцарија – Седлоски со повик за 25 фудбалери и тројца голмани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекторот нафудбалската репрезентација на Македонија Гоце Седлоски, го објави списокот на повикани фудбалери за четирите натпревари од Лигата на нации против Швајцарија, Словенија и Шкотска.

На списокот има четворица дебитанти, дефанзивците Анес Мелиџи и Ѓорѓе Џеков, фудбалерот за врска Матеј Гаштаров и напаѓачот на Струга, Христијан Малески.

По пауза од четири години, во националниот тим се враќа и Марио Младеновски, кој со добрите настапи во дресот на Вараждин го заслужи повторниот повик.

„Во овој краток период, од десетина дена, ќе имаме четири натпревари. Ова досега никогаш не сум го доживеал јас. Но, што е, тука е. Затоа е тој список кој го објавив. Повикав 25 играчи, плус тројца голмани. Ќе ротираме, но мислите прво треба да ни бидат на првиот меч против Швајцарија“, вели Гоце Седлоски.

Селекторот очекува тимот во краткиот период на подготовки да ја изгради потребната компактност и хемија. Посебен проблем е ефикасноста, односно четири меча по ред Македонија не постигнала гол.

„Точно е тоа, од кога сум селектор, тие четири утакмици немаме постигнато гол. Мора да се работи, мора да се тренира. Еве нови играчи кои се тука во нападот, почнувајќи од тие играчи кои се повикани од македонска лига. Знаете и сами од Македонска лига никогаш не биле повикани шест фудбалери. Јас не се сеќавам, во делот на напаѓачите тие двајца, и Азер (Омерагиќ) и Малески ги повикав. Минатата сезона постигнаа триесетина голови, оваа година Малески седум гола, Азер Омерагиќ четири гола, пет гола, два во куп, два во Европа и еден во првенство, сосема заслужено добија повик во националниот дрес. Тука се Растодер и Миовски, можеби ќе има уште некој, да видиме да заврши овој натпревар овој викенд“, вели Гоце Седлоски.

Македонија циклусот го отвора на 26 септември на домашен терен против Швајцарија, а потоа следуваат гостувањето кај Словенија на 29 септември, домашниот натпревар со Шкотска на 3 октомври и гостувањето кај Швајцарија на 6 октомври.

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар);

Одбрана: Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Андреј Стојчевски (Словачко, Совачка), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (УТА Арад, Романија);

Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Тихомир Костадинов (Словачко, Словачка), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија);

Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Бојан Миовски (Ренџерс, Шкотска), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум);