Најмалку 14 пингвини починаа во зоолошка градина во градот Хилваренбек во Холандија поради непозната инфекција, објавија денес холандските медиуми.
Како што е наведено, 14 пингвини починаа во сафари паркот во Хилваренбек, од кои 11 беа донесени таму од зоолошката градина во градот Леуварден, според „NL Times“.
Според холандските медиуми, 11-те пингвини се единствените што ја преживеале инфекцијата од непознато потекло што се појавила во Леуварден.
Сите пингвини починале во рок од неколку месеци.
Зоолошката градина во Леуварден одлучила повеќе да не чува пингвини откако инфекцијата, чија причина сè уште не е утврдена, предизвикала смрт на поголемиот дел од африканската колонија пингвини таму.
Оние што преживеале биле испратени во Хилваренбек.
„Пингвините не биле болни кога пристигнале, но подоцна покажале симптоми на инфекција слични на оние на пингвините во Леуварден“, изјавил портпаролот на зоолошката градина во Хилваренбек.
Менаџерот на сафари паркот, Мартин ван Хес, рече дека пингвините станале немирни и го изгубиле апетитот.
„Не знаеме што е, но мислиме дека може да е вирус“, рече Ван Хес.
Според него, тестовите покажале дека смртта на пингвините не е предизвикана од птичји грип.
Во сафари паркот Хилваренбек сè уште живеат 52 пингвини, а службениците на зоолошката градина велат дека се чини дека се добро.
