Брод со 45 туристи потона во близина на брегот на египетското одморалиште Марса Алам на западниот брег на Црвеното Море денеска, објавија локалните медиуми. 31 лице се водат како исчезнати и се уште се трага по нив, пишува Метро.
Гувернерот на Црвеното Море, генерал-мајор Амр Ханафи изјави дека неколку туристи биле спасени во близина на брегот на Марс Алам и дека во тек се операции за пребарување за да се спасат други.
Во 5:30 часот, чамецот на Sea Story превезувал туристи од различни националности на нуркање кога испратил сигнал за помош. Контактот со бродот набрзо бил изгубен. Sea Story го напушти пристаништето Порто Галиб во неделата и требаше да се врати во Марина во Хургада на 29 ноември, објавија локалните медиуми.
Во тек е спасувачка операција, а хеликоптери и египетската морнарица го пребаруваат морето по преживеани.