Несреќа во рудник во БиХ – еден загинат, четворица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден рудар загинал, а четворица се здобиле со повреди по рушењето што се случи во јамата на рудникот Бреза во централниот дел на Босна и Херцеговина, јавија локалните медиуми.

Претседателот на Синдикатот на рударите на ФБиХ, Синан Хусиќ, потврди дека се случила несреќа на едно од подземните работни места кога големи количини јаглен паднале на пет работници.

Четворица успеале да излезат на површина и биле пренесени во медицински установи, но за петтиот немало спас. Колегите се обиделе да го извлечат од под јагленот, но тој не давал знаци на живот.

Рударски несреќи се релативно чести во рудниците во БиХ поради лошите услови. Оваа несреќа се случила токму во времето кога Даночната управа на Федерацијата БиХ ги блокирала сметките на Рудник за јаглен Бреза поради долгови.