Нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер попладне

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови за нестабилност во попладневните часови на повеќе места низ земјава. Се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 50 km/h.

Локално процесите може да бидат поинтензивни и да преминат во невреме, проследено со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер над 60 km/h, како и можност за изолирана појава на град. Максималната температура ќе се движи во интервал од 20 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе изнесува околу 25°C, атмосферски притисок 983 hPa, влажност 60%, а ветерот околу 5 m/s.

И утре времето ќе остане нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално повторно се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силни налети на ветер.

Во текот на следната седмица се очекува променлива состојба со повеќе сончеви периоди и потопло време, но во попладневните часови повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.