За време на денешната посета во Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека палестинската милитантна група Хамас нема да владее со енклавата по завршувањето ан војната, и дека Израел ги уништил воените капацитети на групата.
Исто така рече дека Израел не се откажа од напорите да ги пронајде преостанатите 101 заложник кои се во Појасот Газа, и понуди награда од 5 милиони долари за враќање на секој од нив.
„Секој што ќе се осмели да ги повреди нашите заложници, ќе биде облеан со крв“, предупреди тој.