Не е тајна дека Јапонија има големи проблеми со стареењето и нискиот наталитет. Во земјата на изгрејсонцето, најстарите се најтешко погодени. Изолацијата може да биде толку страшна што Јапонките намерно го прекршуваат законот за да завршат во затвор, пишува CNN .
Колку е проблем осаменоста најдобро говори податокот дека 20% од затворениците во најголемиот јапонски женски затвор се жени. Старите жени едноставно повеќе преферираат топол оброк, грижа и друштво отколку изолацијата и осаменоста што владее во нивните домови.
Затворот се повеќе се прилагодува на потребите на постарата популација, вклучително и помош за капење, хранење и медицинска нега.
– Некои жени дури сакаа да платат меѓу 20.000 и 30.000 јени (122 и 184 евра) месечно за да можат да останат во затвор до крајот на животот – го откри тажниот факт за Си-Ен-Ен чуварот Такајоши Ширанага.
– Има луѓе кои доаѓаат овде затоа што е студено или затоа што се гладни – додаде Ширанага.
Затворот се наоѓа северно од Токио и на медиумите ретко им е дозволен влез.
