Сонцето и невообчено топлото време ги „намами“ скопјани и во првиот ден од Новата година да излезат и да прошетаат низ градот. Поради препораките новогодишната ноќ да се дочека во кругот на семејството и да се остане дома, Скопје денеска беше преполно. Преполно беше и во другите градови особено туристичките центри како Охрид, Дојран, а зголемена френквенција на луѓе беа забележани и во Битола, Тетово, Прилеп, Куманово, Струмица…
Во Скопје имаше луѓе на плоштадот во центарот на градот, беше полно и во парк, на кејот на реката Вардар каде што имаше и рекреативци кои трчаа и кои возеа велосипед. Имаше многу луѓе и на Водно.
Навистина денот беше прекрасен, воздухот не беше загаден, па тоа беше доволна причина да излезат на прошетка.
