Невозможно е по 15-ти јули да има соработка помеѓу Беса и ВМРО-ДПМНЕ, вели лидерот на партијата Биљал Касами во изборната дебата на ТВ21.
„Јас како лидер на Движењето Беса сум единствениот претседател кој јавно, многу близу до вашето студио, се сретнав лично со Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ. И од тој момент до сега, ние сметаме дека ВМРО ДПМНЕ не помрднале ниту еден милиметар од националистичките, етноцентристичките ставови на лидерството на Никола Груевски. Значи имаме таква ситуација во македонската страна. Имаме соработка помеѓу СДСМ и Движењето Беса во позиција на власт-опозиција, за придвижување на интеграциските процеси. И денес сме во ваква коалиција. Имаме една коалиција „Можеме“ која има заедничко искуство на соработка. Имаме ВМРО која речиси никогаш не била заинтересирана за една соработка со албанските партии, јас можам да кажам дека е невозможна соработка, по 15 јули, помеѓу ВМРО и Движењето Беса“, вели Касами за ТВ21.
