Најмалку четири лица загинаа, а 11 други се повредени во невреме во Иран, соопшти државната новинска агенција ИРНА.
Две лица загинаа од гром во југозападната провинција Хузестан, соопшти националната спасувачка организација. За останатите два смртни случаи не беа дадени детали.
Според ИРНА, во повеќе од 20 провинции се пријавени обилни врнежи од дожд, придружени со поплави на одделни места. Агенцијата исто така соопшти дека силните ветрови соборувале дрвја и бандери.
