Димовска: Застарувањето на предметите не смее да биде резултат на институционална пасивност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прашањето за застарувањето на предметите и одговорноста на правосудните институции повторно е во фокусот на јавноста. Претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, порачува дека нема да толерира неоправдано одолговлекување на судските постапки.

Таа нагласува дека застарувањето на предметите не смее да биде последица на институционална пасивност и дека одговорноста мора да биде приоритет.

Димовска открива дека во текот на оваа година во Специјализираното одделение на судот нема ниту еден застарен предмет, што го оценува како резултат на посветената работа на судиите.