Невремето сруши мост во Србија, отсечени села, евакуирани луѓе (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчерашниот ден беше драматичен за Србија, затоа што невремето придонесе многу улици и куќи да бидат поплавени. Во некои места водата носеле автомобили, поплавени се семејни домови и други објекти, а неколку стотици граѓани евакуирани.

Утрово мост на Западна Морава, кој ги спојува Слатина и Мрчајевце, пукна и падна во вода. Овој мост претходно бил затворен за сообраќај, затоа што бил прогласен за небезбеден, иако жителите го користеле.

Снимка од пукањето и паѓањето на мостот утрово кружи низ социјалните мрежи.

Во Краљево и околината се формирани неколку клизишта, а во 50 општини во Србија е прогласена вонредна состојба поради невремето.