Незадоволството е големо – пандемијата само за момент го спречи заминувањето во странство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Незадоволството не е само кај овие три медицински сестри и не е само во време на пандемија.

Поради тоа, постои опасност во блиска иднина голем број од нив или да преминат во приватно здравство или целосно да ја напуштат државата.

Како што велат од Здружението на медицински сестри незадоволството е големо, пред се поради немањето законско решение за нивниот статус во здравствениот систем.

Дел од причините за незадоволство се непризнаено образование, немање бенифиции, немаат компетенции на работно место, не се лиценцирани, но и други работи кои што го рушат угледот на професијата како медицинска сестра.