Денеска навршуваат осум дена откако сопственикот на дивоградбата беше известен дека треба да ја сруши градбата кај ТЦ „Мавровка“. Иако ова беше крајниот рок предвиден од Општина Чаир, ова не значи дека тој е истечен, бидејќи станува збор за 8 работни дена, објаснуваат од Инспекторатот на о.Чаир.
-Во рокот од 8 дена се сметаат само работните денови, а не и викендите.
Ова значи дека на сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“ му останаа уште два дена да биде известен дека треба да го сруши илегално изградениот објект-велат од Општина Чаир.
-Иако рокот е при крај, нема ниту една активност кај илегалниот објект, било за продолжување на градежните работи, било за негово рушење, што е предвидено со одлуката на општина Чаир-јавува репортерката на ТВ21.
Ако сопственикот не го сруши објектот, тогаш тоа ќе го стори општината. Поради тоа, општината на 27-ми јули распиша тендер за избор на компанијата која ќе ја руши градбата. Крајниот рок за доставување на понуди е 5 август. По ова, тече рокот за жалби, а општината ќе може да го сруши објектот 45 од објавувањето на тендерот. Но, од о.Чаир, велат дека објектот треба да го сруши самиот сопственик.
-Мислам дека во рок од 30 дена од истекот на повикот, ќе го имаме тендерот со кој ќе го срушиме објектот. Но, во меѓувреме се надевам и убеден сум, затоа што го објавивме огласот во „Службен весник“ и мислам дека самиот инвеститор треба да го сруши објектот-рече Ганиу.
Останува да се види дали сопственикот ќе ја сруши градбата или тоа ќе остане во рацете на општината, 5 недели по изборот на компанијата за рушење. Тендерот е отворен и за други потребни на општината и важи една година. Дека градбата што никна кај поранешното кафуле „Фонтана“, треба да се сруши констатираше и Државниот инспекторат бидејќи за објектот нема дозвола за градење.
