Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да се соочи со апсење доколку отпатува во Германија, вели висок дипломат на Германија, објавија светските медиуми.
„Германската влада го почитува законот, бидејќи никој не е над законот“, рече министерката за надворешни работи Аналена Барбок во понеделникот на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Фиуџи, Италија.
Во четвртокот, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на Нетанјаху и на неодамна разрешениот израелски министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Државите членки на МКС, во која спаѓа и Германија, се обврзани да ги извршат налозите за апсење издадени од судот.