Никој не одговара за напад на новинар – сите го видоа непрофесионализмот, само секторот за внатрешна контрола не

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Колегата новинар на Денот на полицијата се обиде да добие изјава од министерот Наќе Чулев. Сепак, дел од обезбедувањето, полициски припадници, не го дозволија тоа. Дури го предупредија новинарот Фуркан Салиу, дека изјави не се предвидени, па ако продолжи да инсистира може да употребат и физичка сила.

Иако сите го видоа непрофесионализмот, дури иаше и извинување од Чулев, сепак за Секторот на внатрешна контрола се е во ред. Односно не утврдил непрофесионално однесување на полициските припадници

„По целосно извршените проверки цени дека нема докази за непрофесионално и незаконско постапување и однесување од страна на полициските службеници ,овластените службени лица и други припадници од МВР“, велат од МВР.

Но, извештајот го потпишал само помошникот на министерот Наќе Чулев, но не и дополнителениот заменик-министер, Славјанка Петровска. Причината е што Извештајот има многу недостатоци, вели Петровска.

Петровска го обвини Чулев и за притисок врз изготвување на извештајот за овој, но и за други случаи. За овие обвинувања и за тоа зошто е констатирано дека полицајците постапиле професионално, побаравме став од министерот Чулев, но одговор не добивме. Инаку, остри реакции уследија за начинот на кој полицајците постапија кон новинарот Фуркан Салиу, на кого Чулев му се извини. Здружението на новинари на Македонија смета дека полицајците го прекршиле Кодексот на однесување на полициските службеници.