Николоски: Лош е предлогот Џафери да биде нов премиер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека лош е предлогот актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери да биде нов премиер.

„Мислам дека е лош предлогот, затоа што Џафери беше избран за претседател на Собрание на 27. Април така како што беше избран, и го следат многу скандали, кршења на закони и процедури и така натаму“, порача Николоски.

Тој додаде и дека се уште не одлучиле дали ќе учествуваат во техничката Влада.

„Не сме одлучиле дали ќе учествуваме во техничката влада. Има аргументи за, има и против. Суштината е да се заштити изборниот процес, и во таа насока мора да размислиме. Последните сигнали не изгледаат добро. Извесно е дека сите очекуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ, и извесно е оваа владеачка структура ќе оди во опозиција, затоа што со СДСМ и ДУИ не планираме соработка. Таква паника ги има фатена што не фаќа сомнеж како ќе бидат спроведени изборите“, вели Николоски.