Николоски: Македонија ниту годинава нема да добие датум за преговори, еве и зошто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 истакна убеденост дека Македонија ниту годинава нема да добие датум за преговори со Европската унија.

На прашањето зошто така мисли, Николоски одговори поради две причини:

„Нема Влада во Бугарија, тоа е првата причина зошто ќе нема. Втората причина зошто ќе нема датум, е затоа што не е проблемот само Бугарија. Проблемот е што постојат неколку големи држави кои не се убедени дека Македонија треба да почне преговори, од причина што не е подготвена во борбата со корупцијата. И тоа е еднакво проблематично“, изјави Николоски.

Николоски смета дека поради тоа, Македонија треба да ги реши внатрешните проблеми, односно да се фокусира кон инфраструктурата.

Целата изјава низ следното видео: