Јавно сум зборувал за случајот со адетивите кој беше класична злоупотреба. Јас бев тој кој во јавност ги извадив куќите во Неготино на еден од осомничените и неговото семејство во овој случај, а очекувам во иднина и други случаи за злоупотреби да се отворат поврзани со РЕК Битола, истакна вицепремиерот Николоски во гостувањето во ТВ Сител.
“На пример како тоа една компанија добиваше тендери за ископи, па потоа добиваше идентичен тендер, па како исти анекси добиваше и во двата тендери. Потоа како една компанија само таа добиваше тендери, а на електронската аукција никој друг не се пријавуваше. И затоа цената на електричната енергија скоро и да се дуплираше, па требаше од буџетот да се плаќаат субвенции за граѓаните да не го почуствуваат тоа, ама затоа компаниите и стопанството го почуствуваа. Така да, ова се случаи коишто очекувам да ги разгледа Обвинителството заедно со МВР и Финансиската полиција и да дадат одговори пред јавноста, да бидат процесуирани но и да ги вратат парите оние коишто учествуваа во овие активности коишто се на штета на буџетот и на граѓаните” – истакна вицепремиерот Николоски.
Тој потенцира дека сега на потег е судството да одговори соодветно бидејќи очекува целиот фокус на јавноста да е насочен кон него.
“За жал состојбата во судството е таква каква што е, но очекувам да се издигне на задачата и да ги дадат одговорите на граѓаните”- рече Николоски.