Со Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме на различни теми. Една од нив беше и интеграцијата во Европската Унија. Николоски кажа дека договорите со Бугарија и со Грција се потпишани за корист да имаат само другите страни, додека Македонија не добива ништо.
„Суштинското прашање е како стигнавме до тука. Зоран Заев настапи со една политика со која ја не се слагам, но стана премиер, и он тргна со национални концесии за да реализира цели. Не се слагам со тоа, но тоа беше негов избор. Треба или да е тотален политички аматер, или да има други намери да потпише договор со Бугарија, со кој национално ќе ја понижи државата, а тој договор да нема никаква заштитна клаузула.Кога се прават договорите, се рализира тоа што е напишано. Јас тогаш кажував, дека мора да влезат сериозни екеперти од наша страна. На пример за Преспанскиот договор, 60 имаше Грција експерти од разни области. Со Бугарија немаат ниту еден, а од бугарска страна имаше од нивната наука и уметности. И сега излезе дека тој договор не е доволен. Тоа е еден тотален аматеризам, да потпишете договор во кој има отстапки и да потпише договор, и сега не е доволен тој договор. Тоа е еден тотален аматеризрам, да потпишете договор кој има остапки, и за тие остапки да не добиете ништо“, вели Николоски.
Николоски кажа дека со договорот во Преспа, морало да има паралелен договор со ЕУ дека нема да бидеме блокирани на патот кон ЕУ.
„Зоран Заев успеа да промени име, историја, да се преговара за јазик, култура, идентите, а за возврат да не добива ништо, штетите се големи“, додаде Николоски.
