Николовски: Со пензија помала од 20.000 денари е уметност да се преживее

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Илија Николовски од партијата на пензионерите, во регионалната емисија „Робин Худ“, зборуваше за пензијата. Тој рече дека е невозможно да се живее во Македонија со пензија помала од 20.000 денари.

„Да се преживее месец, сега минимална пензија е 13.900, нека е и 14.000 денари, се до 20.000 денари, тоа е уметност да се преживее. Јас имам високо разбирање за пензионерите и во оваа прилика сакам да го искажам моето висико почитување кон пензионерите, особено за тие кои што имаат до 20.000 денари пензија, затоа што реков, уметност е да се преживее и пензионерите заслужуваат достоинствен живот нормален живот во месецот“. рече Николовски.